Девојки, сите во Сити Мол - време е за изненадувања и разгалување!

 

Меѓународниот ден на жената и оваа година, ќе добие посебно внимание од Скопје Сити Мол. Овогодишниот избор падна на создавање на посебен град, посветен само на дамите. Од 5-ти до 8-ми март, Женскиот град во Скопје Сити Мол ќе ги разгали дамите на посебен начин – со широка понуда на козметика и козметички производи, експерски панел дискусии на актуелни и секојдневни теми, како и здравствени совети и совети од областа на модата. Сепак, она што ќе даде посебен шмек на женскиот град е присуството на познати македонски заводници – дел најавени, но и изненадувања кои Скопје Сити Мол ги чува во тајност. 

„Веруваме дека „Женски град” е модерен, интерактивен настан со кој на вистински начин ќе го честитаме Меѓународниот ден на жената на понежниот пол. Одлучивме годинашната програма, покрај широката палета на производи кои дамите ќе можат да се најдат во Женскиот град, да ја фокусираме и на советување и дискусии на теми кои се нивно секојдневие. Истакнати професионалци и експерти ќе ги водат панелите, а истите ќе бидат од отворен тип. Во забавниот дел, ќе има  многу изненадувања, вклучувајќи ги и дел од најпосакуваните ергени во земјата, па веруваме дека тоа е доволна покана до дамите – Повелете, Женскиот град Ве очекува”, велат од Скопје Сити Мол.

Женскиот Град ќе биде свечено отворен денес, на 5-ти Март. За првиот ден е предвидено да дознаете кој е начинот за да останете вечно млади со помош на плазмо лифтинг технологијата, но и како од Вашата коса да направите уметност со Сенер Агушевски. Активностите продолжуваат на 6-ти Март когасвое излагање ќе имаат  Здружението Борка на тема превенција на ракот на дојка, г-ѓа Цеце Динева од Диет Клуб,  др. Љупчо Карески , а за крај ќе разговараме за модата со светски познатиот моделар Изет Цури од Меѓународниот институт за мода. На 7-ми март, Скопје Сити Мол ќе биде домаќин на првата панел дискусија на тема матични клетки, во соработка со БиМек. Денот ќе продолжи со дискусии на тема гинекологија, здрава исхрана, спортски активности и уметноста на шминкањето. 8-ми март е последен ден на Женскиот град, и е посветен на убавината – ќе разговараме за тајните на користење на врвна спортска технологија при спортување, како и стручни совети за балансирана исхрана која ќе не оддржи здрави и „во форма”. Сите активности на 4-дневниот настан ќе се оддржуваат во периодот од 12:00 до 22:00 часот.

Забавниот дел започнува уште вечерва, со гостувањето на Влатко Стефановски во 18:00 часот. Во петок во 13:00 часот, Женскиот град ќе го посетат дел од ракометарите на РК Вардар, Игор Карачиќ и Стојанче Стоилов. Викендот, е приказна за себе и посебно изненадување – овие два дена Женскиот град ќе биде домаќин на едни од најпосакуваните ергени, кои ќе им го честитаат празникот дамите и ќе се дружат со своите фанови.

 

Четири дена посветени само на дамите беше главната инспирација при реализацијата на овој мал град. Дополнително, сите посетителки  ќе имаат ексклузивна можност за зачленување во Женскиот Клуб на Скопје Сити Мол, во кој сите членови би добивале интересни бенефиции и можности за забава и дружење. 

 

 

Оцени ја веста

05.03.2015 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега