Дачиќ и Тачи на разговор за спроведувањето на бриселскиот договор
Премиерите на Србија и Косово, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи денеска во Брисел ќе разговараат на работна вечера со Кетрин Ештон, за напредокот во спроведувањето на бриселскиот Договор.
- Тие ќе разговараат во рамките на планот за имплементација, кој беше усвоен пред неколку недели, изјави Кочијанчиќ нагласувајќи дека тоа ќе биде можност да се направи оценка на досегашниот напредок во примената на договорот од април.
Дачиќ изјави дека денешниот состанок со Тачи е клучен, бидејќи од него зависи што ќе содржи писмото од Кетрин Ештон и еврокомесарот за проширување Штефан Филе.