Антивладини протести ја тресат Бугарија
Неколку илјади лица и синоќа се собраа на антивладини протести во Софија, иако Парламентот вчера ја укина одлуката за именување на контроверзниот медиумски магнат Делјан Пеевски за директор на Државната агенција за нациоанлна безбедност чиј избор беше повод за демонстрациите.
„Мафија!“ и „Оставка!“ извикуваа демонстрантите барајќи оставка на Владата на бугарскиот премиер Пламен Орешарски.
Протестите ќе продолжат се до „паѓањето на Владата“.
ФОТО: А1.он