Откриена тајната: Потресна приказна се крие зад иконата на дрвото во Скопје - кој и зошто ја изрезбал?
Потресна приказна е поврзана со иконата изрезбана на дрвото во центарот на Скопје.
Сите се прашуваа кој и зошто ја нацртал оваа прекрасна икона, а одоговорот на ова прашање го добивме од читателка на Mknews.
Според кажаното пред 22 години поточно на ден Благовец 8/9 април 1993 на ова место згаснале два млади животи во сообраќајна несреќа. Приказната се поклопува и со датумот изрезбан на самата икона. Девојка и момче, колеги од работа, заедно работеле во кафуле во близина, во раните утрински часови враќајќи се од работа возеле по улицата и тоа со неверојатна брзина, поради брзината изгубиле контрола над возилото Корвета и се забиле во дрво крај патот. Најверојатно дрвото каде сега е иконата или некое близу бидејќи тоа е токму местото каде се случила сообраќајката.
Читателката на Mknews се сеќава на големата трагедија и претпоставува дека иконата е нацртана од семејството на загинатите – во спомен на нив и на прерано згаснатите животи.
Нека почиваат во мир!
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа