На местото на сапунарата ќе се гради елитна зграда како „Флатирон“ во Њујорк

 

На локацијата на поранешаната фабрика за сапуни „Цветан Димов“ во Скопје ќе никне елитен објект како познатата зграда „Флатирон“ во Њујорк изградена во 1902 година. 

На парцелата од 4.400 метри квадратни ќе се изгради објект од 16 ката кој ќе содржи деловен простор и 14 нивоа станови, пишува МИА.

Државното земјиштето го купи пред еден месец градежната компанија „Адора инженеринг“ на лицитација за 2,2 милиони евра, а почетната цена беше 308 илјади евра. 

Ванчо Чифлиганец сопственикот на компанијата вели дека изградбата ќе почне во 2016 година, треба да заврши за 18 месеци, а вкупната инвестиција е 40 милиони евра. 

- Ќе изградиме елитен објект на почетокот на општина Кисела Вода кој ќе личи на зградата од Њујорк која е изградена во 1902 година само што ќе бие сеизмички постабилна и енергетски ефикасна, рекол Чифлиганец посочувајќи дека засега не се знае како ќе се нарекува зградата, но можно е да биде Порта Кисела Вода.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега