Осмомартовско разгалување - изненадување за жените во Скопје Сити Мол
Наближува 8-ми март, а со тоа и барањето инспирација за избор на нешто што би ги разгалило дамите близу нас. Сепак, вистинското прашање е што можеме да направиме за понежниот пол за Денот на жената, a истото да остане запаметено како уникатно искуство?
Скопје Сити Мол има идеја: Женски град, посветен само на дамите.
Од 5-ти до 8-ми март, Женскиот град ќе понуди различни содржини; вклучувајќи избор на козметика и козметички прoдукти со експертски совети за нивна употреба, здравствени совети и совети од областа на модата и предлози за убав изглед, како и интересни панел дискусии на различни теми, претставени од професионалци во своите области.
Дополнително, од молот најавуваат и интересни акции и попусти во повеќе продавници за време на саемските денови.
Четири дена посветени само на дамите – е главната инспирација на Скопје Сити Мол, но она што ќе даде дополнителен печат на овој настан е ексклузивната можност за зачленување во Женскиот Клуб на молот, во кој сите членови би добивале интересни бенефиции и можности за забава и дружење.
Бидете присутни на“Женски Град”, станете член на “Женскиот клуб” и дозволете си 365 - дневно разгалување.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа