Прилепчанецот Ален Хасановиќ ќе отвори голем концерт во Скопје
Ален Хасановиќ, харизматичното момче кое со својата одлична интерпретација на хитот „Као моја мати" од Здравко Чолиќ го воодушеви шесточленото жири на „Ѕвездите на Гранд" и ги крена на нозе Саша Поповиќ и Лепа Брена кои го наградија со аплауз.
Тој на 14 март во Арена Борис Трајковски ќе го отвори спектакуларниот концерт на Шабан Шаулиќ.
- Огромна чест и задоволство ми е што добив покана од организаторот „Балкан Медиа" да го отворам големиот концерт на Шабан Шаулиќ, Саша Матиќ и Ана Бекута во Скопје. Овие пејачи се едноставно легенди, луѓе кои зад себе ги имаат најголемите кариери. Ќе дадам се од себе за да го збогатам и разубавам концертот, а се надевам дека публиката ќе ужива во мојот настап, вели Ален.
22-годишниот Хасановиќ заедно со својот бенд ќе настапи како предгрупа на целовечерниот концерт во организација на „Балкан Медиа" и ќе биде вистинско загревање за она што ќе им се случува на скопјани на 14 март во Арена Борис Трајковски.
Во меѓувреме, македонскиот фаворит за победа кој руши рекорди на гледаност во регионалниот музички натпревар „Ѕвездите на Гранд" активно се подготвува за третиот круг, каде конечно гледачите ќе имаат можност да слушнат македонска песна во негова изведба.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа