Учениците од Аеродром ќе спортуваат во нови и модерни сали

 

 

Од септември годинава учениците во основните училишта „Блаже Конески“, „Димитар Македонски“, „Лазо Ангеловски“, „Ѓорѓија Пулевски“, „Љубен Лапе“и „Браќа Миладиновци“ во општина Аеродром ќе вежбаат во модерни спортски сали, со што ќе им се овозможи правилен раст и развој.

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски, градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски денеска беа на увид на градежните работи во  основното училиште „Блаже Конески“. 

- Ќе се изврши реконструкција на спортските сали, соблекувалните и просториите за реквизити, ќе се реконструираат покривите на спортските сали во некои училишта, ќе се промени внатрешната столарија, ќе се реновираат санитарните јазли, ќе се постават заштитни решетки на прозорците и вратите, а ќе се заменат и подовите и плочките во соблекувалните и ходниците. Ќе се молерисуваат ѕидовите и плафоните, а ќе се реконструира и водоводната, канализациската и електричната инсталација, истакна Коневски.

Агенцијата за млади и спорт, како што рече директорот Пујовски секогаш со голема поддршка пристапуваат кон ваквите проекти.

- Преку реализацијата на проектите за спортската инфраструктутура, што е основен предуслов за вклученоста на граѓаните во спортот, покрај просторно спортот се проширува и во кругот на зголемувањето на општото здравје. Со ова Владата на Република Македонија ги комплементира сите сегменти кои се однесуваат на подигнување на квалитетот на живеење, рече Пујовски.

Министерството за образование и наука, како што рече Ристовски, ги поддржува активностите на опшината Аеродром поврзани со реконструкцијата на постоечките спортските сали, како и изградбата на новата спортска сала во Горно Лисиче.

- Сите овие објекти, нивините санации и изградби се од исклучително значење затоа што ќе овозможат правилен раст и развој на децата без разлика дали се во основно или во средно обрзование, рече министерот Ристовски.

За реконструкцијата на учлишните сали обезбедени се околу 30 милиони денари од буџетот на општина Аеродром.

ФОТО: МИА

најчитано сега