Србија тврди дека допрва претстојат преговори околу договорот со Приштина

Имплементацијата на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е од суштинско значење за Србија и вистинските преговори допрва треба да почнат, изјави синоќа советникот на српскиот претседател Томислав Николиќ, Марко Ѓуриќ.

- Импелементацијата е од суштинско значење за нас. Вистинските преговири дури сега претстојат, бидејќи договорот ја поставува само рамката, нагласи Ѓуриќ при гостување во емисија на белградската телевизија Б92.

Ѓуриќ најави дека Србија ќе започне кампања со која на земјите што се уште не го признаваат Косово како независна држава би требало да им се објасни дека договорот не е „чекор кон признавање на независноста, туку кон нормализација на односите меѓу Србија и дел од нејзината територија“.

- Договорот на ниту еден начин не ја признава потребата Косово да биде третирано како независна држава, потенцира Ѓуриќ, додавајќи дека Србија со спогодбата де јуре не го признала Косово, како што тврди косовскиот премиер Хашим Тачи.

 

најчитано сега