'Да не дозволиме уште едно дете да страда' - концерт за поддршка на ЕМБГ во Сараево
Неколку илјади лица присуствуваа синоќа на концерт за поддршка за Единствeниот матичен број на граѓаните што се одржа пред зградата на Парламентот на БиХ во Сараево.
На концертот настапија познати босански музички ѕвезди, кои со своите песни му испраќаа порака на Парламентот и укажуваа на неговото неработење, а концертот помина без инциденти.
- Да не дозволиме уште едно дете да страда поради неажурноста на парламентарците. Ја имаме поддршката од странските и домашните субјекти, но само граѓаните се дел од оваа приказна, се наведува во пораката на лидерот на протестите.
Инаку, „Бејби“ протестите во Сараево започнаа на 5 јуни, а демонстрантите им поставија ултиматум на пратениците да го донесат законот за ЕМБГ до 30 јуни.
ФОТО: А1.он