Продолжува последната рунда од преговорите Белград-Приштина
Последната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина за примена на бриселската спогодба синоќа заврши без изјави за јавоста и ќе продолжи денеска.
Тековната рунда се одвива по работни групи, а е посветена на прашањата на полицијата, правдата и подготовките за локалните избори кои во октомври ќе се оддржат во косовските општини во кои мнозинството се Срби.
Доколку работните групи не успеат да ги усогласат ставовите до вечерва, нерешените прашања ќе се најдат на дневниот ред во текот на состанокот на премиерот на Србија Ивица Дачиќ со косовскиот премиер Хашим Тачи, кај високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност Кетрин Ештон.