Хуманитарен концерт за дечињата од „11. Октомври“ и „25 Мај“

 

 

Британската амбасада заедно со Британската бизнис-група во Македонија денеска од 14 до 16 часот организира хуманитарен концерт за домовите за деца „11 Октомври“ и „25 Мај“.

Кралскиот марински бенд ќе одржи концерт, а ќе гостуваат и ѕвезди од македонската музичка сцена и претставници на бизнис-заедницата заинтересирани да им помогнат на штитениците во домовите. 

Настанот ќе се одржи во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“ и ќе го отвори британскиот амбасадор во Македонија Кристофер Ивон.

најчитано сега