Бора Чорба со големо изненадување за своите обожаватели во Скопје
Бора Ѓорѓевиќ, алијас познатиот Бора Чорба, подготвува големо изненадување за своите обожаватели во Скопје.
Славниот рокер за прв пат ќе одржи концерт во анплагд верзија, со наслов „Чорба се слуша и без струја". Терминот е 14 март,20 и 30 часот во Универзална сала, а карти може да најдете во Розе Веро 2, Југотон и Камарад -Рамстор и на саката на Универзална сала.
Повеќе од сигурни сме дека Чорба ќе го донесе својот репертоар на најуникатен начин, заедно со својата сценска придружба од 15. музичари, од кои најголемиот број гудачи.
Оцени ја веста
23.02.2015 - 11:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа