Скопјани, внимавајте каде се паркирате!
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција во Скопје откриени и санкционирани се 29 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив, 18 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 10 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин и четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 82 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа