Кај Собрание ќе никне нова катна гаража

Денеска Министерството за транспорт и врски спроведе електронското јавно наддавање за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија наменето за изградба на катна гаража и мали комерцијално-деловни единици. Се работи за градежна парцела со површина од 2.455 m², на која треба да никне комунална инфраструктура - катна гаража со компатибилни класи на намени. Почетната цена на земјиштето изнесуваше 1.850 денари од квадратен метар.

Јавното наддавање траело околу еден час, а учество земале три компании: АНГО дооел, Сити Централ Интернационал дооел и ВИП проект. На првото место се најде АНГО дооел, со највисока понуда од 8.355 денари за метар квадратен. Зад неа се најде Сити Централ Интернационал дооел со највисока понуда од 8.170 денари за квадратен метар.

Градежната парцела е лоцирана во центарот на Скопје, близу македонското Собрание.

Оваа катна гаража треба да овозможи поголем простор за паркирање на возилата и растеретување на сообраќајот во центарот на СКопје.

 

најчитано сега