Нивелација на шахтите на скопските улици и булевари

 

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, деновиве ги нивелираат канализациските шахти на градските улици и булевари.

Во текот на градежните работи, се отстранува оштетениот материјал околу шахтите, се поставуваат нови капаци, капаците се армираат и потоа се бетонираат.

Во текот на изминативе две недели нивелирани се дваесетина канализациски шахти и на нив се поставени нови капаци, и тоа на улиците Димитрие Чуповски, Франклин Рузвелт, Никола Парапунов, Христо Татарчев, Алија Авдовиќ, 16. Македонска бригада и на булеварите Александар Македонски и Илинден.

Акцијата за нивелирање на канализациските шахти на градските улици продолжува и во наредните денови, а екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе интервенираат на сите локации каде што ќе се јави потреба. 

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега