Самарас предлага привремено отворање на грчката радио и телевизија

 

 

Според грчкиот премиер Андонис Самарас грчката радио и телевизија треба да биде отворена, но само привремено.

Според Самарас ЕРТ треба привремено да се отвори под раководство на трипартиска комисија.

Комисијата составена од претставници на трите партии во владината коалиција, ќе има задача да именува одреден број новинари кои ќе работат на државната радио и телевизија, додека не биде усвоен нов предлог закон за јавнот медиумски сервис, изјавил Самарас.

 

најчитано сега