Карпош испрати помош за поплавените подрачја
Камион полн со ќебиња, вода, трајна конзервирана храна, хигиенски средства и други производи собрани од хуманитарната акција која што ја организираше локалната самоуправа од Карпош, денеска тргна кон поплавените подрачја.
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски посака ова да биде последно лошо кои и се случува на државата.
- Граѓаните од општина Карпош заедно со локалната самоуправа, собраа над осум тони вода, околу две илјади парчиња хигиенски средства, над 1.500 парчиња конзервирана храна, како и повеќе од 1.300 парчиња останати прехранбени производи. Сè што е наполнето во овој камион ќе биде наменето за жителите во општината Чешиново-Облешево. Помошта од Карпош ќе им биде предадена на тамошните локални власти, а тие пак, ќе ја распределат на настраданите граѓани, истакна Јакимовски.
Хуманитарната акција на општина Карпош траеше една недела. На 36 пункта, во 14-те урбани заедници на територија на општина Карпош, како и во сите основни училишта и градинки, граѓаните имаа можност да ја остават својата донација и да дадат поддршка на своите граѓани од поплавените региони.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа