Хуманитарна помош од децата од ОУ „Јахја Кемал“ за поплавените

 

Учениците од основното училиште „Јахја Кемал“ денеска во хуманитарниот пункт во просториите на општина Карпош ја донираа својата помош до другарчињата од поплавените подрачја во државата. Со полни кеси трајни производи, пакети вода и средства за хигиена, тие дадоа сопствен придонес во справувањето со последиците од големите поплави што ги зафати изминатиот период источните делови на Македонија.

Основците, кои ги примија вработените од Одделението за социјална, детска и здравствена заштита, им поделија по една картичка со благодарност за хуманоста и солидарноста.

Донацијата од учениците од ОУ „Јахја Кемал“, заедно со општинската донација, ќе се испрати утре во кризните делови на државата. 

 

 

Оцени ја веста

16.02.2015 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега