Аплицирајте на конкурсот од Град Скопје за значајни проекти
Град Скопје објави конкурс за реализација на проекти за развој на занаетчиството, угостителството, трговијата и туризмот за 2015 година.
Конкурсот се однесува за манифестациите:
„Фестивал на виното 2015, Вино - Скоп"
„Месец на трговијата 2015"
„Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите"
„Гурмански викенд со пиво во Скопје - Пиволенд"
„Пролетен базар на домашни ракотворби"
„Интернационална Тортијада 2015"
„Фестивал на органска храна"
„Баскерфест- 2015"
Право на учество имаат сите јавни установи, здруженија на граѓани, агенции специјализирани за “Mistery shopping”, трговски здруженија и маркетинг агенции.
Предложените проекти, покрај образложението, треба да содржат и финансиска конструкција во која ќе бидат наведени сопствените средства и другите извори, како и приложена тековна состојба од Централен регистар.
Пријавите со предлог проектите и финансискиот план треба да се достават до Град Скопје - Сектор за локален економски развој Бул. „Илинден" бр 82, 1000 Скопје по пошта, или во Архивата на Град Скопје, најдоцна 20 работни дена од денот на објавувањето на конкурсот, до 15 часот, со назнака - Конкурс за реализација на проекти за развој на занаетчиството, угостителството, трговијата и туризмот на Град Скопје.
Изборот на најдобрите предлог проекти ќе го изврши Комисија формирана од Градоначалник на Град Скопје, според критериумите утврдени во Конкурсот.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел. 02/3 297-327, 02/3 297-284 и 02/3 297-218.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа