Почна пријавувањето за Глобалниот инвестициски самит во Македонија
Од денеска, заинтересираните компании и бизнис професионалци кои сакаат да учествуваат на вториот Глобален инвестициски самит во Македонија што го организира Македонија 2025, може да го пријават своето учество.
Глобалниот инвестициски Самит за Македонија, ќе се одржи од 8 до 10 октомври во Охрид. Тема на самитoт ќе биде зајакнувањето на националната конкурентност со стимулирање на иновацијата, претприемништвото и трансферот на стручното знаење. Како приоритетни за Македонија во глобалното опкружување таргетирани се инфраструктурата, транспортот и развојот на телекомуникациската и информатичката инфраструктура, природни ресурси, енергија и обновлива енергија, Производство, истражување и развој и развој на човечки ресурси.
Организаторот и оваа година очекува масовна посетеност со учество на повеќе од 300 македонски, компании од дијаспората и други заинтересирани странски инвеститори. Работната агенда ќе вклучува пет панели и повеќе настани за поврзување и дружење на учесниците. Досега се потврдени говорници на Самитот 2013 се Мајк Зафировски – претседател на Македонија 2025, Ченто Велјановски, менаџер и партнер во Кејс Асошиејтс, Невенка Димитрова истражувач и постар директор на Филипс Центарот за истражување, Миле Терзиовски декан на Интернационалната школа за бизнис на Универзитетот Јужна Австралија, претседавачот и потпретседавачот на Самитот Зоран Мартиновски и Ендрју Пејкоф, како и министри од македонската Влада.