Велешанец пронајден на улица во локви крв - се бори за живот на скопските Клиники

Околу 3 часот по полноќ во СВР-Велес било пријавено дека на улицата „Лазе Осмаков“, на влезот од гаражите лежело повредено лице. Од страна на Итната медицинска помош која веднаш пристигнала на местото на настанот, бил пронајден 50-годишниот Т.Д. од Велес, кој имал повреди во пределот на главата и градниот кош и бил облеан со крв по телото. Т.Д. во неконтактибилна состојба е пренесен во Медицинскиот Центар во Велес, но поради сериозноста на повредите е префрлен во Клинички.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега