Шопинг лудило во Скопје Сити Мол - нема да ви се верува колкави попусти има
Скопје Сити Мол се придружува на трендот на постпразнични намалувања и распродажби. Како што доликува на најголемиот шопинг центар во Републиката, Скопје Сити Мол на посетителите им овозможува вистинска „игра на бројки” – шопинг уживање со попусти и до 70% кај закупците. Ова „скијање на попусти”, ќе трае се до 1-ви февруари.
“Водени од желбата да излеземе во пресрет на желбите на посетителите, се определивме за специјални намалувања и попусти кај голем дел од закупците, кои достигнуваат и до 70% реален попуст на артиклите. Она што порано, но и денес сега често го бараме во соседството, го имаме во Скопје Сити Мол – намалени цени, реални попусти на производи и пред се врв на понуда на брендови”, изјавија од Скопје Сити Мол.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа