Меси доаѓа во Скопје
Еден од најдобрите фудбалери на светот, Лионел Меси, конечно доби филм, кој домашната публика ќе има можност да го види веќе од следниот месец, односно од 12 февруари во киното Синеплекс.
Станува збор за филмско дело на режисерот Алекс де ла Иглесија, кој на големото платно ја пренесе приказната за четирикратниот добитник на Златната топка и за неговиот животен пат од родната Аргентина до спортските височини.
Стана јасно дека тој е Марадона на нашето време кога на домашната снимка која го прикажува 6-годишниот Меси како игра фудбал со постари деца, како ги дрибла нив тројца, додава топка, го чека моментот, се спрема, шутира и постигнува гол. Лионел Меси како да е роден со фудбалска топка.
Срамежливото момче од сиромашниот град Росарио, благодарение на својата баба, на која ѝ испраќа воздушни бакнежи после секој постигнат погодок, ја доби потребната поддршка да го следи својот сон докрај. И покрај хормонската терапија што ја примаше за да достигне нормална висина, Меси стана најголем од сите нив – но и понатаму си остана скромен и повлечен. Тие негови особини можат да се земат како објаснување за неговата огромна популарност. За Меси велат дека е брз дури и на забавените снимки!
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа