Стојановски: Светиот крст да донесе здравје и благосостојба во општина Илинден
Влатко Крушкаровски, најсреќниот кој од 61 верник што скокаа по Богојавленскиот крст за големиот христијански празник Водици, го фати крстот, заедно со своето семејство, традиционало дојдоа во посета кај градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски и општинската администрација.
Со честики и желби за среќа, здравје и радост, градоначалникот Стојановски го пречека најсреќниот за Водици во Општина Илинден.
– Благодарам што го донесе овој свет крст во нашата општина. Се надевам дека ќе ни донесе здравје, среќа, радост и благосостојба и се она што значи подобрување на животот на сите граѓани во општина Илинден, рече градоначалникот Стојановски.
Крушкаровски му се заблагодари на градоначалникот посакувајќи им на сите граѓани здравје, среќа и мир. Тој додаде дека е многу среќен што по втор пат го фаќа крстот, што во организација на општина Илинден и црквата „Св. Константин и Елена“, традиционално, веќе седма година по ред, се положува во водите на езерото на хотелот Бест Вестерн Белви.
Влатко Крушкаровски го фати крстот и на првата манифестација за Водици што општина Илинден ја организираше во 2009 година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа