Врие пијани возачи на скопските улици

 

Во текот на изминатите четири дена од страна на скопската сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 48 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 29 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 16 возачи со возилото се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Тројца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и 11 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие четири дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 96 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска има најава за посебно обезбедување. Од синоќа во тридневна посета на земјава престојува претседателот на Република Албанија Илир Мета поради што од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за посебно обезбедување, односно обезбедување на апсолутен приоритет на минување на колоната возила под придружба по сообраќајниците низ градот.

Со почеток во 12 часот Здружението на новинари на Македонија ќе организира протест пред Апелациониот суд и пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување. Во зависност од моменталните состојби ќе има и пренасочување на сообраќајот

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега