Фатен крадец кој „оперирал" во Штип

СВР Штип по преземените мерки и дејствија го расветли кривичното дело „кражба” сторено на 19.12. минатата година. Имено, од страна на непознато лице користејќи згодна прилика преку незаклучена врата е влезено во стан на улицата „Борис Крајгер” во Штип при што се одземени 68.000 денари. По преземените мерки и активности од страна на полициските службеници постојат основи на сомнение дека сторител на пријавеното кривично дело е 28-годишниот И.Ч. од Штип, по целосно комплетирање на кривично правниот настан ќе биде поднесена кривична пријава. 

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега