Тешко повреден пешак - шест сообраќајки во Скопје
Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди од кои пет се со последица материјална штета и една е со последица тешка телесна повреда, во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 38 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив 10 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 25 возачи кои со возилото непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 46 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска со почеток во 11 часот во организација на неформалната студентска организација Студентски пленум на ул. „11 Октомври“ пред зградата на Собранието на Република Македонија ќе се одржи протест. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби сообраќајот ќе биде и пренасочен.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа