Две лица повредени - што се случувало синоќа во Скопје?

 

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје изврши увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди од кои во две со полесни повреди се здобиле еден сопатник и еден пешак, а девет полинале само со материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден откриени и санкционирани се двајца возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 11 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, четворица возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, како и 23 возачи кои со возилото непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден отстранети се 73 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Во населбата Мичурин која се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром традиционално ќе се одржи „Мичуринска средба“ на која се очекува присуство на поголем број на граѓани. Со цел безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од состојбата сообраќајот може да биде пренасочен на улицата „Венјамин Манчуковски“, како и на останатите сервисни сообраќајници. 

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега