Повеќе скопски улици без вода
Поради изведување на водоводен приклучок профил ф-100 милиметри на улица Мегленска бб, без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците Мегленска, Мариовска, Малина Поп Иванова и дел од Милан Мијалковиќ од 10:15 часот па се до санирање на дефектот.
Од ЈП „Водовод и канализација“, информираат дека поради дефект на приклучна цевка профил ф-1цол на улица Дамаска бб, без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците Дамаска и Прашка од 11:15 часот па се до санирање на дефектот.
Поради дефект на водоводна мрежа профил ф-80 милиметри на улица Црвени Брегови бр.7, без водоснабдување ќе останат и 50 куќи од истоимената улица од 11:30 часот па се до санирање на дефектот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа