НОВИ ДЕТАЛИ: Убиената медицинска сестра била бремена

Основното јавно обвинителство Скопје, денеска донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 22- годишниот Н.К. од скопско Петровец за сторено кривично дело – Убиство, со квалификаторен облик на убиство на бремената Д.З. (31).

Надлежниот обвинител ги презеде сите почетни мерки за прибирање на докази и релевантни факти во насока на расветлување на случајот. При тоа, сослушано е едно лице и дадена е наредба за вршење на обдукција.

-Досегашните сознанија потврдуваат дека жртвата не е почината од пад од височина. Убиството осомничениот го извршил на терасата на кровот на седмиот кат на Детската клиника во Скопје, каде е и најдено безживотното тело на сега починатото лице. Се очекува пристигнувањето на Извештајот од извршената обдукција од страна на Судска медицина, според кој ќе се утврдат и причините за настапување на смртта, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Согласно законските прописи, а сметајќи дека се исполнети условите, јавниот обвинител до судија на предходна постапка поднесе Предлог за определување на мерка Притвор против осомничениот.

 
 

 

Оцени ја веста

10.01.2015 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега