Димитриеска Кочовска: Парите на општините ќе ги делиме еднакво, нема наши и ваши

 

Приоритет на владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат општините. Сите проекти кои владата во овој момент ги отпочнала, ние нема да стопираме проекти како нив, туку се што е добро ќе се реализира. Секаде каде има чиста состојба ќе продолжи, а каде има дискутабилност ќе има ревизија. Општините имаат подготвено проекти и тие ќе бидат финансирани со 250 милиони евра годишно и нема да ги делиме општините на наши и ваши, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска за „Аргумент“ на ТВ 24.

Димитриеска Кочоска појасни дека ќе има правична распределба на средствата, а приоритет ќе се дава на општините кои имаат веќе подготвено проекти.

Во однос на најавениот кредит од милијарда кој ќе го добиеме како влада со влада, таа изјави дека истиот ќе биде со поволни услови и ќе се користи за проекти кои ќе значат додадена вредност во економијата и зголемен бруто домашен производ.

 -Тоа што можам да го кажам е тоа што го најави претседателот Христијан Мицкоски, дека станува збор за кредит кој ќе го добиеме како влада со влада и кој ќе биде со многу поволни услови и ниска каматна стапка. Имаше дискусии дека со оваа една милијарда ќе има зголемување на јавниот долг и сум изненадена како се создава некаква галама, а во изминативе години се јавниот се зголеми за 4 милијарди евра нето и притоа немаше толкав притисок кон владата да објаснат каде ги потрошија парите. Јасно е дека парите се потрошија за коруптивни и криминални зделки, но можам да ги убедам граѓаните, ова задолжување ќе биде во интерес на граѓаните и под поволни услови ќе обезбедиме вложување со цел да има додадена вредност во економијата, рече Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска за разлика спореди дека власта во заминување предвидела во буџетот за 2024 година Македонија да се задолжи за 1 милијарда и 278 милиони евра.

Нема да излеземе надвор од границите од она што значи стабилен јавен долг во однос на Бруто домашниот производ. Ние дел од средствата ќе ги користиме за проекти кои ќе имаат додадена вредност за економијата и ако успеете да го зголемите бруто домашниот производ, тогаш јавниот долг ќе се намалува.  Ќе се обезбедат средства за нормално функционирање на буџетот.  Клучот се поволните услови за тоа што ќе трошиме. Сето тоа што сме го навеле во програмата ќе го реализираме, изјави Димитриеска Кочоска.

13.05.2024 - 18:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега