Заложничка драма вечерва на Детската клиника во Скопје - една жена е мртва

Една жена е мртва а едно лице се заканува дека ќе се самоубие фрлајќи се од покривот на Детската клиника во Скопје, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, вечерва околу 20:40 обезбедувањето на Клиниката пријвило во полиција дека на пкривот има непознато машко лице а дека во негова непосредна близина има женско тело кое било во бесознание. . На лице место дошле Алфите и се обиделе да ја реанимираат девојката, но таа не давала знаци на живот. 
Претпоставките се дека машкото лице кое се заканува дека ќе се самоубие ја давело. 

Машкото лице се уште се наоѓа на покривот. Од МВР ја потврдуваат оваа информација и велат дека на лице место се испратени специјални екипи, преговарачи од единицата за специјални задачи а на местот се поставува и балон кој би спречил самоубиство

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега