Едно лице загина две тешко повредени: Вечерва страшна сообраќајка пред Прилеп

Tешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола поточно кај селото Алинци се случила вечерва околу 19 часот, се судриле  автомобил „Опел Астра“ со битолски таблички и шлепер со скопски регистарски таблички.

До сообраќајката дошло откако автомобилот директно се судрил со шлеперот.

Во страшната несреќа загина едно лице, а во судирот не забележувајќи ја колоната од возила се судриле уште неколку возила каде што две лица се повредени и веднаш се пренесени во градската болница во Прилеп.

Имено во меѓувреме на излезот од Прилеп кон Плетвар, кај бензинската станица на „Лук-оил“ пријавено е искршено возило на патот за кое сеуште нема потврда дали е предмет на напад или сообраќајна несреќа.

Полицијата е на терен и врши увид на сообраќајните несреќи.

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега