Самарас вчерашното исклучување на ЕТА го спореди со борба против времето на „диносаурусите“

 

Премиерот на Грција Антонис Самарас денеска изјави дека вчерашното исклучување на државната радио и телевизија на Грција е оправдано со потребата за борба против „менталитетот од ерата на јура“ и најави вистинска јавна телевизија.

Самарас се спротивстави на критиките на синдикатите истакнувајќи дека „нивната цел е потполна контрола на јавниот радиодифузен систем што го плаќаат грчкиот даночни обврзници, но нудат многу малку за возврат под услови на недостаток на транспарентност и одговорност“.

Самарас нагласи дека против вработените во ЕРТ нема ништо лично и дека голем број од нив повторно ќе бидат вработени преку отворен конкурс во новата телевизија.