Професор снимал ученички во соблекувална во Делчево

Професор од средното училиште „Методија Митевски Брицо“ во Делчево е осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Имено во текот на вчерашниот ден околу 14,00 часот во соблекувалната на спортската сала на гимназијата во Делчево три ученички на возраст од 16 и 17 години од Делчево додека се пресоблекувале пронашле мобилен телефон кој бил вклучен да снима.

Извршен е увид од страна на полициски службеници при Полициската станица во Делчево при што е утврдено дека мобилниот телефон е на 47-годишниот осомничен Б.Ѓ.

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега