Фрлени 85 тони сол на скопските улици
Екипите на зимската служба на Град Скопје ги продолжуваат активностите за расчистување на снегот од градските улици и булевари.
Како што соопштуват од Град Скопје во текот на изминатата ноќ на критичните места и на булеварите каде што имаше потреба се фрлени 85 тони сол.
-Во текот на изминатиот викенд екипи на Град Скопје и на јавните градски претпријатија го расчистуваа и мразот од тротоарите. Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите. Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување, се вели во соопштението.
Од Град Скопје апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа