За Водици ќе светне милениумскиот крст на Водно

 

Најверојатно за православниот празник Водици ќе профункционира осветлението на Милениумскиот крст, најави Мишо Николов, директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

- Во моментов се поставува новото осветление, кое за Водици или за некој од наредните поголеми празници ќе биде и официјално во функција. Засега е завршено бојосувањето на Kрстот со заштитна боја за корозија, а потоа и со златна - информира тој за Дневник.

Новите светилки се поставуваат од двете страни на крстот. Тие се штедливи и се донација од компанијата „Балкан енерџи груп“. Со оваа интервенција месечните сметки за електрична енергија ќе бидат пониски за 30 отсто.

Николов најави дека за месец до два ќе се донесе и водата на врвот на Водно, а штом се поправи времето ќе биде поставен и новиот лифт, кој е нарачан од фирмата „Мак лифт“.

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега