Србија поседува имот во Косово вреден 220 милијарди долари?

 

Српскиот весник „Вечерње новости“ обелодени документација која потврдува дека Србија поседува имот во Косово вреден над 220 милијарди долари.

 - Освен 580 илјади хектари земјоделско и градежно земјиште, како и шуми кои се во сопственост на српската држава, таа е сопственик и на 1,4 милиони квадратни метри деловни простории, 145 илјади квадратни метри стопански објекти и 25. 999 квадратни метри станови. Сите овие се цел на незаконска продажба, стои во написот на Вечерње новости.

 - Преку „илегална приватизација од страна на косовските власти“ Албанци стануваат нови„газди“ на илјадници хектари земјиште сопственост на Србија, наведува весникот.