Во септември отварање на Палма Мол во Тетово

 

За септември е најавено отворањето на Палма мол во Тетово, трет најголем шопинг центар во земјата.

Инвеститор на проектот е компанијата „Палма Трејд“, која на пазарот постои повеќе од 20 години и е дистрибутер на производи за широка потрошувачка и бела техника.

- Многу сме среќни што успеавме да го комплетираме процесот на градежните активности на Палма Мол и со тоа да ја оправдаме довербата што нашите закупци ни ја дадоа. Со сите овие брендови Палма Мол претставува  трговски центар од светски стандарди каде што сите посетители ќе имаат можат да ги извршуваат своите секојдневни потреби и да уживаат во најразличните забавни содржини, изјави сопственикот на Палма Трејд, Неат Џеладини.

Палма Мол се простира на површина од 32.000 метри квадратни, на четири нивоа со подземен паркинг од 250 места со вентилирачки систем и 24 часовен мониторниг со камери и редари. Со постоечките 250 паркинг места од отворен тип, вкупниот капацитет за паркинг на Палма Мол е 500 места и ќе биде бесплатен. Центарот ќе има околу 80 продавници со најразлични содржини како кафетерии, ресторани, содржини за деца и возрасни, реномирани светски брендови за облека, па се до Рамстор маркет, продавница за роба за широка потрошувачка и слично.

ФОТО: Комуникација.мк

 

најчитано сега