Цветан Цветанов обвинет за прислушкување - му се занануваат 8 години затвор

 

Бугарското Јавно обвинителство денеска покрена обвинение против поранешниот министер за внатрешни работи на Бугарија, Цветан Цветанов под сомнеж за илегално прислушување на политичките противници.

Цветанов е обвинет дека додека ја извршувал министерската функција не спроведувал соодветна контрола врз полициските функционери, со што им овозможил неовластено да поставуваат и користат специјална опрема за прислушување на истакнати политичари, судии и бизнисмени.

На Цветанов му се закануваат осум години затвор.

 

најчитано сега