Снежни топки (Schneebälle)

 
  • 3 јајца
  • 150гр. шеќер
  • 100гр. брашно
  • 200мл. слатка павлака
  • 1 пакетче крем фикс
  • 200гр. несолена урда (или рикота....)
  • 1 лажица шеќер во прав
  • бурбон ванила (или ванилин шеќер)
  • 50мл. цеден сок од портокал
  • по потреба кокос

Подготовка
Рерната вкулучете ја да се загрева на 180 степени.
Јајцата и шеќерот изматете ги убаво додека да добиете светла, кремаста смеса. Додадете го брашното, кратко промешајте и истурете ја смесата во тава за печење во која претходно сте ставиле хартија за печење. Јас печев во Делимано малата плитка тава за печење. Печете околу 20 мин. Откако ќе се испече, отстранете ја хартијата од тестото и оставете убаво да се олади.
Тестото искинете го на мали парчиња и ставете го во голем длабок сад.
Слатката павлака изматете ја во цврст снег со помош на крем фиксот.
На страна во еден длабок сад ставете ја несолената урда, шеќерот, бурбон ванилата (јас мелев отприлика од мелница) и сокот од портокал. Измешајте убаво со жица за матење за состојките убаво да се спојат. Оваа смеса додадете ја во изматената слатка павлака и промешајте.
Тестото ставете го во кремот и прво промашајте со лажица па потоа со раце замесете ја смесата за тестото убаво да впие од кремот.
Правете бомбици кои ќе ги валкате во кокос.

Извор: Мои рецепти

 

 

Оцени ја веста

29.12.2014 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега