Зимската служба на Град Скопје на терен
Со почетокот на снежните врнежи денеска на терен активно работи зимската служба, соопштија од Град Скопје. Машините ќе интервенираат по потреба за расчистување на снегот и фрлање сол на булеварите и собирните улици кои се во надлежност на Градот.
- За претстојната зима Град Скопје има на располагање 2.300 тони индустриска сол како залиха од лани, и дополнителни 1.500 тони набавени годинва. Зимската служба на располагање има 30 возила од ЈП „Улици и патишта“, како и возила што дополнително се ангажирани од приватна фирма, информираат од Градот.
Екипите на зимската служба ќе дежураат во текот на 24 часа на две локации, на пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Кисела Вода и на пунктот во Бутел.
Од Градот апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да се прилагодат на условите на теренот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа