Комбинирана торта

 
  • 20 јајца
  • 46 лаж шеќер
  • 400 гр ореви
  • 550 гр маргарин
  • 4 лаж мармалад
  • 2 лаж брашно
  • 3 лаж какао
  • 1 пакетче бисквити
  • 1 чоколадо
  • Последен фил
  • 200 гр маргарин
  • 200гр шеќер во прав
  • 1/2 филџан слатка павлака

1 тесто
Се оделуваат 8 белки и се додава 8 лажици шеќер. Се мешат со миксер се додека не стане кремасто. Потоа се додава 2 лажици мармалад, 2 лажици брашно и кршените ореви (јас ги кршев со сукало). Се меша со лажица. Па се става во плех со хартија за печење во загреана рерна на 180 степени околу 20 мин.

2 тесто
6 белки и 8 лажици шеќер се мешат со миксер и потоа се додаваат 3 лажици какао, 2 лажици мармалад и мелените ореви. Се пече исто на 180 степени околу 20 мин.

3 тесто
6 белки се мешат со миксер заедно со 10 лажици шеќер. Се става 1 лажичка оцет или лимон. Се пече на 150 степени околу 35 мин. Додека да добие светло кафеава боја.

Фил
Сите 20 жолчки се мешат со миксер со 20 лажици шеќер додека да стане пенасто, па се додава 550гр маргарин и се меша убаво со миксерот да се соедини смесата.
Се дели на два дела. Во едниот дел ги додаваме мелените бисквити, а во другиот дел топеното чоколадо.

Потоа врз првото тесто се нанесува жолтиот фил со бисквити, па второто тесто, чоколадниот фил и последното тесто. Одозгора за да биде поцврста целата торта се прави уште еден фил.
250gr маргарин се меша со 200 гр прав шеќер, па се додава 1/2 филџан слатка павлака. Се премачкува веднаш, бидејќи ќе се стврдне филот.




 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега