НЕПИТ ќе биде името на новата грчка државна радио и телевизија

 

Името на новата грчка државна радио и телевизија ќе биде „Нова грчка радио, интернет и телевизија АД“ (НЕПИТ), се наведува во предлог-законот објавен на интернет за кој треба да се води јавна расправа, објави весникот „Етнос“.

Претходно, владиниот портпарол Симос Кедикоглу изјави дека новиот државен медиум ќе почне со работа до 29 август. Во него ќе работат околу 1.200 луѓе и веќе е направен изборот на вработените.

Инаку, двата најголеми грчки синдикати најавија протести поради затворањето на државната радио и телевизија на Грција.

ФОТО: А1.он