Продолжен притворот на балканскиот нарко бос Кељменди

 

Основниот суд во Приштина му го продолжи притворот за уште три месеци на Насер Кељменди.

Продолжувањето на притворот било по барање на обвинителот на Еулекс од Канцеларијата на специјалното обвинителство на Косово, кој и ја почнал истрагата за случајот „Кељменди“.

Косовската полиција го уапси Кељменди на почетокот на мај во Приштина, врз основа на потерница од Интерпол.