Оранж бомбици
- 1 кг јаболки
- 500 гр шеќер
- 250 гр мелени ореви
- За кандирана кора од портокал
- 150 гр шеќер
- 250 мл вода
- 60 гр шеќер во прав
- кора од три портокали
- Подготовка
1. Излупете и изрендајте ги јаболката. Шеќерот со 20-30 мл вода ставете го на огин, да почне да се топи, па додајте ги јаболките. Варете додека смесата убаво да згусне.
2. Излупете ги портокалите и симнете ја белата ципа (кожичка). Портокаловиот дел од кората исечете го на тенки ленти. Ставете ги водата и шеќерот на огин, па кога ќе проврие ставете ги тенките лентички од портокал. Варете додека скоро целата вода да испари. Извадете ги лентите и увалкајте ги во шеќерот во прав.
3. Во разладената смеса од јаболки додадете ги мелените ореви и кандирана кора од портокал, која сме ја исекле на коцкички. Измешајте и правете бомбици кои ќе ги валкате во кристал шеќер. Оставете ги да се сушат. - мои рецепти
Оцени ја веста
22.12.2014 - 15:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа