Пајакот направи "парче" на улиците низ Скопје

 

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 24 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, девет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, 14 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото и пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 79 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамките на своите превентивни активности ќе одржи едукативни работилници во подрачните основни училишта „Кочо Рацин“ во населените места Огњанци и Катланово, со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега