Домашни наполитанки
Направете домашни наполитанки, еве што вие потребно:
- Состојки:
• 4 слоеви обланди
• 250 гр путер
• 200 гр шеќер
• 12 лажици вода
• 250 гр мелени ореви
• 250 гр мелени интегрални бисквити
• 100 гр чоколадо за готвење
Подготовка:
Во тенџере ставете ги путерот, шеќерот и водата и мешајте на умерена температура, додека состојките не се соединат. Потоа во смесата додадете ги оревите, бисквитите и чоколадото, па повторно измешајте сè, додека не добиете хомогена кремаста смеса.
Дозволете на кратко да се излади, поделете ја кремастата смеса на три еднакви дела и нанесете ја рамномерно на горната страна од обландите. Намачканите обланди наредете ги една врз друга, завиткајте ги во мрсна хартија за печење и одозгора ставете алуминиумска фолија и добро стегнете ги.
Ставете ги во фрижидер да се оладат и зацврстат, а потоа по желба можете колачот да го прелиете со чоколадна глазура.
Совет: Доколку сакате да го збогатите вкусот на филот, откако ќе го направите, додадете во него малку свежо цеден сок од портокал или неколку капки рум.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа