Нема лабаво: Летаат казни за несовесните возачи на скопските улици

 

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди кои се со последица материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 22 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив, 10 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 19 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото и 41 пешак кои поминале вон обележан пешачки или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие два дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 54 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега